top of page
  • Facebook
  • Instagram
IMG_4327-768x576.jpeg

СТЕФАН ТРЕНЕСКИ

На патеките низ Европа го слушаат македонското име

IMG_4288-660x500.jpeg

Стефан Тренески

17-годишен возач од Македонија, со веќе остварени победи на европските тркачки патеки, како прв македонски учесник што победил на Formula 4 CEZ Academy – официјално сертифицирана од FIA. Овој успех не претставува само личен напредок, туку и историска можност за Македонија да добие свој претставник на патот кон Formula 1.

About

Портфолио

Почетоци:

Јас ја започнав својата тркачка кариера од светот на sim racing, каде уште од 13 годишна возраст го покажав својот талент за автоспортот. Моите први чекори беа на симулатори, каде што преку стотици часови тренинг стекнав вештини на ниво на професионалци. По само неколку месеци започнав со меѓународни натпревари и на 16 годишна возраст потпишав за истотискиот Формула 1 тим - Brabham Motorsport како најмладиот возач за тимот во 2024 година.

IMG_3584.HEIC
IMG_9541.HEIC

Пресврт кон реалниот свет:

Во 2024 година,  јас ја извозев својот дебитантски настап во реалениот автомобилизам. Настапувајќи во Renault Twingo Eurocup, на легендарната патека Муджело (Италија), направив премин од виртуелната кон реалната автомобилистичка сцена. Со само 16 години и ниту еден извозен тренинг на самата патека поради проблем со моторот, успеав да се изборам од 23тото место до 12та позиција. 

Победа на Formula Star Academy:

Во 2024 година успеав да победам на Formula Star академија, едно од најважните натпревари за млади таленти. Оваа победа ми значеше многу – беше резултат на години посветеност, тренинг и верба во себе. На патеката Мост во Чешка, се борев против 40 учесници кои се картинг, рели, па дури и Формула возачи. Таа победа ми овозможи стипендија за Renault Twingo Eurocup во 2025та година

IMG_0923.HEIC
stefan-treneski-1.png

Победа на Формула 4 академија:

Како резултат на Formula Star, бев поканет Formula 4 academy, програма за млади возачи, каде поминав низ повеќе дисциплини – од возење на вистински Formula 4 болид, до физички подготовки, ментален тренинг и натпревар со Твинго Куп автомобил.

Мојата победа му овозможи делумна стипендија за во Формула 4 во 2026 година, каде што ќе дадам се од себе за да победам.

Contact

Стефан Тренески

Контакт

  • Facebook
  • Instagram
bottom of page